Бајден - Ирак е на добар пат

Американскиот потпретседател Џо Бајден на средба со американските војници во Ирак

Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека ирачкиот народ е „на работ“ на создавање демократска, стабилна и просперитетна држава. Во обраќањето пред американските сили во Багдад, Бајден рече дека на ирачките сили и понатаму ќе им треба американска помош.

Ова е прва посета на висок американски претставник на Ирак, по минатомесечниот избор на влада со кој заврши неколкумесечниот политички ќорсокак.