Убиен полицаец во Дагестан

Воена операција во Дагестан

Руските локални власти соопштија денеска дека еден полицаец бил убиен, а друг повреден, кога група на луѓе отвориле оган кон нивното возило во Дагестан во Северен Кавказ. Полицијата успеала да им влезе во трагата на виновниците, но при престрелката не е познато дали тие биле убиени или повредени.
Русија се бори со муслиманските бунтовници во Кавказ и често има напади на властите и полицијата во Дагестан и во соседните Чеченија и Ингушетија.