Претседателот Иванов закажа лидерска средба

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска ги покани лидерите на најголемите политички партии да се состанат на 21 јануари во Јасен. Според кабинетот на претседателот тие ќе разговараат за одбележувањето на дваесетгодишнината од независноста на Македонија и десетгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, како и за евроатланската интеграција на земјата, последниот извештај на Европската Комисија и пописот.