Уапсени 26 осомничени за шверц со луѓе во Италија

Италијанските власти соопштија дека уапсиле 26 луѓе кои се осомничени за организирано нелегално внесување на авганистански емигранти во Европа, вклучувајќи и исламистички милитанти.Италијанскиот обвинител Пиеро Савиоти изјави дека дел од уасените се осомнични и за тероризам, а бандата била составена претежно од Авганистанци, Курди и Пакистанци. Тој додаде дека криминалната група успевала секој месец да внесува по 400 Авганистанци во земјата.
Полицијата соопшти дека се уште трага по уште 19 припадници на оваа банда .