Турскиот доктор осомничен за трговија со органи слободен до судењето

Турскиот лекар Јусуф Сомнез е пуштен на слобода до евентуалнопто судење во Приштина. Тој со уште деветмина е осомничен за учество во илегалната трговија и пресадување на човечки органи во Косово. Доколку Сомнез биде осуден тој казната ќе ја отслужува во неговата земја Турција. Сомнез ги демантираше обвинувањата и ја префрли вината кај турските медиуми дека против него водат валкана кампања. Интерпол и натаму трага по неговиот соработник израелецот Мосе Харел.