Таџикистан ќе и даде дел од својата територија на Кина

Планината Памир во Таџикистан

Таџикистан се сложи да и даде дел од својата територија на соседна Кина за да стави крај на спорот за земјата кој трае повеќе од еден век. Парламентот денеска ја усвоил одлуката со која 1000 квадратни километри земја во планинскиот регион Памир ќе бидат во сопственост на Кина. Опозицискиот лидер Мукхидин Кабри изјави дека одлуката е против уставот и е пораз за таџикистанската дипломатија, но за министерот за надворешни работи Хамроков Зарифи таа претставува победа, бидејќи Кина барала повеќе од 28 000 квадратни километри.