Нов контингент на АРМ во Авганистан

Специјална единица на АРМ

Денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип ќе биде одржана свеченост по повод испраќањето на контингент на АРМ кој ќе учествува во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. Во десеттата ротација во Авганистан ќе заминат 149 припадници на првата механизирана пешадиска бригада, кои заедно со најстариот национален претставник и двајца штабни офицери ќе бидат распоредени во главната команда на ИСАФ во Кабул. Македонската армија го почна учеството во мисијата на НАТО во оваа земја во јуни 2006 година.