Приведен турскиот доктор осомничен за трговија со органи

Турската полиција вчера во Истанбул го привела докторот Јусуф Сонмез поради сомневање дека учествувал во операциите на вадење човечки органи во Косово, како дел од меѓународна мрежа на трговци со органи, јави агенцијата Анадолија. Обвинителот на ЕУ Џонатан Рател неодамна изјави дека на голем број сиромашни луѓе кои доаѓале од странство во Косово, им било ветувано дека ќе добијат пари во замена за нивниот бубрег. Според Рател, доктор Сонмез имал клучна улога како главен хирург во операциите што биле изведувани на приватна клиника во близина на Приштина.