Нетанјаху: покрај санкциите и воена закана за Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека Иран нема да го прекине развојот на својата нуклеарна програма доколку економските санкции против таа земја не бидат поддржани од уверлива воена опција. Тој потсети дека Иран досега го прекинувал развојот само кога бил соочен со можност од воена интервенција. Нетанјаху нагласи дека целта на властите во Техеран е изградба на нуклеарно оружје, додавајќи оти тие ќе се запрат само ако бидат соочени со „веродостојна воена опција на крајот од тунелот“.