САД загрижени поради полициската реакција во Тунис

Протести во Тунис

САД изразуваат загриженост поради вестите дека безбедносните сили во Тунис користат претерана сила против демонстрантите, изјави портпаролот на Стејт Департментот Марк Тонер. Реакцијата на Вашингтон доаѓа по задушувањето на протестите во Тунис, во кои според владата загинале најмалку 23 лица, додека активистите за човекови права говорат за 50 убиени. Туниската полиција вчера призна дека користела оружје против демонстрантите, затоа што тие нападнале полициска станица со молотови коктели, запалени гуми и железни шипки. Протестите во Тунис почнаа во минатиот месец, откако 26- годишен дипломец се самозапали во знак на протест поради немањето работа.