Србија потпиша протокол со ЕУ за либерализација на пазарот

Млаѓан Динкиќ

Српскиот вицепремиер Млаѓан Динкиќ и комесарот на ЕУ за трговија Карел де Гунт денеска во Брисел потпишаа протокол, кој на Србија ќе и обезбеди подршка за влез во Светската трговска организација.
Според Динкиќ потпишувањето на протоколот за либерализација на пазарот е голем чекор за влез во организацијата, бидејќи 60 насто од размената на производи Србија ја врши со земјите од ЕУ.