Бајден-американските војници нема да се повлечат од Авганистан во 2014

Џо Бајден и Хамид Карзаи

Американскиот потпретседател Џо Бајден по средбата со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека САД нема да ги повлечат војниците од Авганистан во 2014 година, доколку властите на земјата побараат од нив тие да останат.
Бајден претходно се сретна и со генералот Дејвид Петраус и американскиот амбасадор Карл Ејкенбери, а планира да ги посети и американските воени сили во земјата.