Основачот на Викиликс Џулијан Aсанж денеска треба да се појави пред судот во Лондон. Тоа ќе биде негово прво појавување пред судот , откако беше ослободен со кауција на 16 декември. Шведска бара негова екстрадиција под сомнение дека е виновен за сексуална злоупотреба на две жени. Асанж и неговите поддржувачи велат дека тој е жртва затоа што објави тајни документи за американската дипломатија на својот веб сајт.