Владата ќе продолжи со реформите потребни за ЕУ

Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави дека владата годинава ќе продолжи со спроведување на реформите за влез во ЕУ. Таа усвоила Акционен план во кој е предвидено да бидат донесени над 60 закони и околу 450 подзаконски акти, како и други кои не се директно побарани од Брисел. Груевски најави реформи во јавната администрација, како и проекти во економијата, судството, земјоделството и други области кои ги засегаат граѓаните. Тој додаде дека значајни ќе бидат измените во законот за градба, бидејќи ќе го олеснат процесот на вадење на градежни дозволи.