Силен земјотрес во јужнозападен Пацифик

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди морското дно во близина на Вануатуа на јужнозападен Пацифик, но нема опасност од цунами, соопшти Американскиот институт за геофизика. Земјотресот кој се случил во 9 часот наутро по локално време со епицентар на 30 километри под површината на морето и 100 километри од островот Тану не предизвикал никакви штети. Вануату се наоѓа во жешкиот појас на пацификот, каде поради поместувања на тектонските плочи често има земјотреси и ерупција на вулкани.