Иран ги зголемил залихите на збогатен ураниум

Али Акбар Салехи

Шефот на иранската агенција за атомска енергија Али Акбар Салехи денеска изјави дека тие ги зголемиле залихите на ураниум и покрај барањето на ОН да прекинат со програмата. Според Салехи земјата досега има 40 килограми ураниум збогатен до 20 насто, што е за 10 килограми повеќе од последната објава во октомври. Салехи кој ја извршува и функцијата министер за надворешни работи претходно изјави дека Иран е способен да направи сопствени нуклеарни прачки за реакторите и за медицински испитувања.