Грција ќе ги ,,скенира,, имигрантите

Ирански бегалци во Грција

Грција соопшти дека ќе изврши построга контрола на имигрантите кои живеат во земјата за да утврди кој има право на азил. Заминик министерот за труд Ана Далара изјави дека оние што не ги исполнуваат условите или пак ги кршат грчките закони ќе бидат вратени дома. Грчката влада претходно објави дека планира да подигне ограда во должина од над 12 километри на границата со Турција со цел да се спречи големиот бран бегалци од Блискиот Исток и Африка.