Русија и Јапонија: договор за нуклеарна енергија

Рускиот претседател Дмитри Медведев го ратификува договорот со Јапонија за нуклерана енергија. Со него се одобрува трансфер на јапонска технологија во Русија во замена за поголема продажба на руски ураниум на Јапонија. Една третина од потребите за електрична енергија во Јапонија се пополнуваат од 54 те нуклеарни реактори во таа земја.