Во напад на бомбаш самоубиец загинаа 17 лица во Авганистан

Талибанците ја прифатија одговорноста за нападот во кој најмалку 17 лица загинаа, а 20 се ранети при екплозија во јавно купатило во авганистанскиот град Спин Болдак во близина со границата со Пакистан. Цел на нападот на бомбаш самоубиец бил полициски командант. Оваа област е познато упориште на талибанците.