Тутунарите од Пелагонија на протести

Производител на тутун од Прилеп

Производителите на тутун од Пелагонија денеска протестираат на патот Прилеп-Битола и на патот Прилеп-Кичево, при што е блокирано движењето на собраќајот во тие правци.
Претседателот на штрајкувачкиот одбор Кире Неделкоски изјави дека тие бараат средба со премиерот или министерот за финансии, бидејќи министерството за земјоделство не може да им помогне и им порача на партиите да не ја искористуваат нивната мака за политички поени, бидејќи тие само сакаат да го наплатат нивниот труд.