Американски авион наместо во Германија слетал во Торонто

Еден американски авион кој летал од Чикаго кон Германија бил пренасочен во Торонто, бидејќи пилотот истурил кафе на инструмените и притоа бил испратен аларм со кој се соопштува дека авионот е киндапиран. Од Министерството за надворешни работи на Канада при комуникацијата со екипажот сфатиле дека се работи за лажна тревога. Сепак авионот кој имал 241 патници и 14 членови на екипажот морал да се врати во Чикаго, поради проблем со инструментите.