Убиени осомничените за убиство на тројца полицајци во Бишкек

Двајца осомничени за убиството на тројца полицајци се убиени, при акција на безбедносните сили во едно село во близина на Бишкек, а притоа загинал и еден од членовите на специјалната единица Алфа, објави сервисот на Радио Слободна Европа во Киргистан. Полицајците настрадале при рутинска контрола на документи во еден хотел.