Министерот за правда Михајло Маневски изјави дека одлуката на Апелациониот суд од Софија да не го екстрадира расчинетотиот владика на МПЦ, Јован Вранишковски не е во согласност со меѓународните обврски за соработка и спречување на криминалот и корупцијата, а не е во согласност и со Европската конвенција за екстрадација. Според Маневски сослушувањето на само два сведоци на случајот наместо правна му даваат политичка содржина и тоа не е по принципите на Конвенцијата.