Јеремиќ очекува кандидатски статус на Србија за ЕУ до крајот на годинава

Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ изјави денеска дека главни приоритети на земјата во 2011-та година ќе бидат евро-интеграциите, мирна одбрана на уставното уредување, регионалната стабилност и соработка, како и развивање на економската соработка. На амбасадорската конференција во Белград, Јеремиќ оцени дека овие приоритети стојат на четири главни столба Вашингтон, Брисел, Москва и Пекинг. Тој изрази надеж дека Србија до крајот на годинава ќе добие статус на земја кандидат за членство во Европската Унија.