Иранскиот шеф на дипломатијата во посета на Ирак

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи денеска е во посета на Ирак на разговори за подобрување на билатералните односи. Во 80-тите години Ирак и Иран беа во војна 8 години, но со паѓањето на режимот на Садам Хусеин во Ирак во 2003-та, почнаа да се затоплуваат односите меѓу двете земји.