Авганистанското министерство за надворешни работи побара докази за веродостојноста на видеото кое беше прикажано на една телевизија во земјата во кое има слики на мртви тела и повредени авганистански емигранти во Иран. Не се знае точно кога било снимено видеото и кои се причините за инцидентот. Потпаролот на министерството Ахмад Захер Фаџири за Радио Слободна Европа изјави дека тие ги презеле потребните мерки.