Времето денеска сончево со мала облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура се движи од минус седум до минус два, а дневната ќе биде од минус два до четири степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се спушти до минус шест, а дневната ќе достигне до два степена.