Ослободен еден од приведените претседателки кандидати во Белорусија

Еден од петтемина приведени претседателски кандидати во Белорусија е ослободен од затвор под услов да не ја напушти земјата. Витал Римашески заедно со уште четворица кандидати беше приведен по изборите во Белорусија под сомнение дека е поврзан со организацијата на масовните протести. Доколку ги осудат за тоа обвинение, тие можат да се соочат со 15 години казна затвор. Над 600 луѓе беа приведени на 19 декември.