Обиди за решавање на кризата во Брегот на Слоновата коска

Лорент Гбабго

Делегација на Економската заедница на земјите од Западна Африка денеска е во Абиџан на уште еден обид за решавање на политичката криза по претседателските избори во ноември. Лидерите на Бенин, Сиера Леоне, Кенија и Кејп Верде ќе се обидат да го убедат Лорент Гбабго да му ја предаде власта на неговиот ривал Аласане Куатара, човекот кој меѓународната заедница го призна како победник на изборите. Западноафриканската заедница го предупреди Гбабго дека ќе се соочи со воена интеревнција доколку не се повлече. Изборите ја потенцираа поделбата на Брегот на Слоновата коска на јужен, христијански и северен муслимански дел, осум години по граѓанската војна.