Промени во владата во Пакистан

Пакистанскиот премиер Јусуф Гилани

Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани денеска ќе се сретне со лидерот на опозицијата за да разговараат за евентуално гласање за недоверба на владата. Средбата доаѓа на еден ден откако втората по големина партија во владеачката коалација во Пакистан соопшти дека се повлекува од владата и дека преминува во опозиција. Со тоа проамериканската власт го изгуби парламентарното мнозинство. Засега не е позната дали одлуката на Обидинетото национало движење ќе придонесе за пад на владата на премиерот Јусуф Раза Гилани, но како што пренесува новинскаата агенција Асошиетед прес тоа ќе има негативно влијание кога САД ќе побараат Пакистан да им помогне во војната во соседен Авганистан. Партијата се повлече од владата поради лошото справување со проблемите како што се се поголемата инфлација икорупција.