Претседателот на Јужна Кореја ја предупреди Северна Кореја

Јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг-бак предупреди дека на сите видови на воена агресија од страна на Северна Кореја ќе одговорат соодветно, но дека сепак вратата за дијалог останува отворена. Претседателот изјави дека со обраќањето на националната телевизија сака да покаже дека им е сериозна намерата за дијалог со Северна Кореја и дека Сеул е подготвен да понуди економска помош. Во меѓувреме американскиот претставник задолжен за односи со Северна Кореја, Стивен Босфорд, оваа недела ќе ги посети Јужна Кореја, Кина и Јапонија, за консултации за севернокорејското прашање. Од Стејт департментот велат дека Босфорд во Сеул ќе пристигне утре, во среда ќе го посети Пекинг а потоа ќе продолжи во Токио.