Кина: монетарната политика во 2011 ке биде внимателна

Пекинг

Преседателот на Кинеската централна Банка им се придружи на другите комунистички лидери во земјата во напорите да се олесни загриженоста за покачените цени на храната и имотите.
Чо Чиаочуан изјави дека монетарната политика и во 2011 ке биде внимателна и стабилна. Со тоа бил испратен сигнал дека можат да бидат воведени мерки за штедење.
Неговата изјава дојде откако Претседателот Ху Џинтао посети неколку сиромашни семејства во Пекинг и вети дека владата ќе се ангажира да им помогне.
Во земјата расте загриженоста за големите разлики меѓу богатите и сиромашните.