Меркел: еврото е повеќе од валута

Германскиот канцелар Ангела Меркел ги потсетува граѓаните на важноста на евро валутата за Германија и за обединета Европа. Во новогодишната порака, чии делови веќе се објавени, Меркел потсетува на должничките кризи во Грција и во Ирска и потенцира дека мора да биде преземена акција за зацврстување на еврото. Тоа, според неа, е повеќе од валута, односно симбол на европското единство и основа на германскиот просперитет.