Уапсени осомничени за тероризам во Турција

Турската полиција денеска приведе 10 лица, кои се осомничени за поврзаност со терористичката мрежа Ал Каеда и за подготовка на напади пред Нова година, јавуваат турските медиуми.
Осомничените се приведени на распит по изведените акции во градовите Бурса и Истанбул.
Повеќе детали за апсењата не се соопштени.