Владата и тутунарите постигнаа договор

Да се отворат сите откупни пунктови за тутун, а проценката на класите да се врши согласно правилникот и дефинираните цени од страна на откупувачите е исходот од неколкучасовната средба во Владата меѓу вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за земјоделство Љупчо Димовски од една страна со претставници на тутунопроизводителите и откупувачите на тутун од другата страна. Целата постапка ќе се контролира од страна на Земјоделскиот инспекторат и доколку тоа не се почитува ќе следат санкции. Се очекува дека просечната откупна цена што ќе се постигне на крајот на процесот ќе биде најмалку 170 денар . Тутунопроизводителите изјавија дека ќе остават рок од 48 часа за да видат дали ќе се почитува договореното од средбата, во спротивно, најавува преземање на други санкции.