200 килограми кокаин запленети во Холандија

Царината во Холандија денеска соопшти дека запленила 200 килограми кокаин чија вредност се проценува на 10 милиони долари. Кокаинот е запленет во областа Брабант во јужниот дел на Холандија во пакети складирани во контејнер кој пристигнал од Јужна Америка.