Клинтон ја критикува пресудата за Ходорковски

Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска остро го критикуваше вториот судски процес за поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски и неговиот бизнис партнер Платон Лебедев. Клинтон изјави дека случаите како овој негативно влијаат врз руската репутација за исполнувањето на меѓународните обврски за човековите права и подобрувањето на инвестициската клима. Таа го повика рускиот претседател Дмитри Медведев да развие клима каде независноста на судството се почитува. Критиката на Клинтон следува по коментарите на германскиот комесар за заштита на човекови права Маркус Лоенинг и директорот на организацијата „Амнести Интренешнл“ за Европа и Централна Азија Никола Дакворт кои денеска побараа да се поништи пресудата. Ходорковски и Лебедев денеска се прогласени за виновни за кражба на 218 милиони тони нафта.