Организации за човекови права ја критикуваат судската одлука за Ходорковски

Русија Михаил Ходорковски и Платон Лебедев за време судскиот процес

Германскиот комесар за заштита на човекови права Маркус Лоениниг изјави дека е вчудоневиден од денешната пресуда за поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски и неговиот бизнис партнер Платон Лебедев за кражба на 218 милиони тони нафта
и смета дека случајот е пример за „политичка правда“. Тој додаде дека реториката на рускиот претседател Дмитри Медведев за владеењето на правото не е ништо повеќе од само тоа. Директорот на организацијата „Амнести Интернешнл“ за Европа и Централна Азија Никола Дакворт повика да се поништи пресудата поради тоа што како вели „руските власти не ја почитувале судската процедура “ и целиот случај е „политички мотивиран“.