Сомнителни пакети во странски амбасади во Рим

Сомнителни пакети денеска пристигнале во амбасадите на Грција, Данска, Монако и Венецуела, во Рим, а италијансата полиција ги испитува. Во четвртокот во Рим, во амбасадите на Швајцарија и на Чиле експлодираа бомби, при што две лица беа повредени. Одговорноста ја превзеде една италијанска анархистичка група.