Снегот предизвикува големи проблеми во Москва

Властите во Москва соопштија дека големите снежни врнежи предизвикале сериозни проблеми на патишата и улиците и оти се создаваат долги колони. Околу 9 илјади возила за чистење на снегот биле низ улиците на Москва и околината, но ситуацијата и натаму е комплицирана.