САД сепак извезува во Иран

Американското министерство за финансии во изминатите години на копмании од Соединетите Држави им издало околу 10 илјади посебни дозволи за извоз на некои производи во Иран и во други земји под санкции. Според Њујорк Тајмс, посебни дозволи, меѓу другите, добиле и големи компании како производителите на храна, Крафт и на пијалаци, - Пепси. Повеќето лиценци биле според законот за трговија на хуманитарни стоки, иако вклучували и продукти како цигари и гуми за џвакање.