Средба Карзаи - Зардари во Истанбул

Претседателите на Авганистан и на Пакистан, Хамид Карзаи и Али Зардари денеска ќе разговараат во Истанбул за унапредување на меѓусебната соработка. На состанокот ќе учествува и турскиот претседател Абдула Ѓул. Соговорниците треба да договорат поинтензивни контакти меѓу нивните безбедносни сили, како и заеднички мерки против трговијата со дрога.