Тадиќ: разговорите со Приштина најпрвин за технички прашања

Борис Тадиќ

Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека разговорите меѓу Белград и Приштина треба да започнат на техничко ниво, без разлика на содржината на извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа Дик Марти. Тој истакна дека почетните теми на овој дијалог треба да бидат судбината на исчезнатите и други животни прашања кои ги мачат и Србите и Албанците, и дека разговорите не треба да се одложуваат. Тадиќ нагласи дека во јавноста е создаден погрешен впечаток дека разговорите меѓу Белград и Приштина треба да се водат на ниво на претседател и премиер, порачувајќи дека во овој момент не е можно да се каже кога на ред ќе дојдат крупните политички прашања.