Сенатот блиску до ратификација на СТАРТ

Американскиот Сенат се очекува денеска да го ратификува договорот со Русија за контрола на стратегиското нуклеарно оружје. На синоќешното процедурално изјаснување 67 сенатори се изјасниле дека новиот СТАРТ треба да биде ратификуван пред Божик. Со тоа беше спречена опструкцијата на Републиканците кои бараа продолжување на расправата, а за ратификација се потребни две третини од гласовите, односно 67. Новиот СТАРТ предвидува намалување на бројот на разместените стратегиски нуклеарни боеви глави на по 1550, а секоја страна треба да го намали и бројот на интерконтинентални проектили и стратегиски бомбардери на по 800.