Иранскиот добитник на Нобеловата награда за мир лауреатот Ширин Ебади денеска изјави дека Техеран треба да ја ослободи нејзината колешка адвокатот Насрин Сотоудех која е затворена во самица под обвинение дека шири пропаганда против Владата. Ебади најави дека ќе поднесе барање до Обединетите Нации да интервенираат во случајот со Насрин, затоа што нејзиниот живот е во опасност. Адвокатката Насрин е уапсена поради тоа што во судот застапувала опозициски политичари и активисти за човекови права кои учетвувале во минатогодиншните протести против претседателските избори..