Тадиќ:Со години чекавме извештај како оној на Марти

Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави денеска дека Србија со години чекала да се појави пред меѓународните институции еден извештај како тој на известувачот Дик Марти за злосторствата во Косово. Тој додаде дека сега меѓународната заедница е поинаква сликата за случувањата во Косово благодарение на Марти. Тадиќ побара да се преземе темелна истрага за да се утврди дали постоела трговија со човечки органи во Косово и доколку постоела кој е виновен за тоа.