Снегот ја „блокира“ Европа

Во пресрет на празничната сезона, снегот и мразот им ги наруши плановите на илјадници луѓе кои се обидуваат да стигнат дома за Божиќ. Стотици патници ќе останат да преспијат ноќва на аеродромите.Температурите се уште паѓаа во Европа а снегот не престанува да вее.
Лошите временски услови затвори голем дел од европските аеродоми, откажани се стотици летови и уште толку се одложени за подоцна, ако се подобри времето.

Снегот, маглата и мразот што ј аобвитка Европа се причината поради која им се искомплицираа плановите на илјадници граѓани за празничните патувања.
Стотици патници ја поминаа ноќта на аеродромите Хитроу и Гетвик во Британија. На интернет страницата на аеродромот Хитроу е најавено можно отварање в понеделник, но се предупредуваат патниците прво да проверат во авиокомпанијата дали нивниот авион ќе полета утре пред да тргнат кон аеродромот. 150 вработени во лондонскиот аеродромот Гетвик синоќа со часови ја чистеле пистата, но и покрај тоа официјалните лица утрово соопштија дека многу летови ќе бидат или одложени или откажани.

Проблеми имаа и аеродромите во Париз, Брисел и Франкфурт.
Студент од Франција се жали дека неговиот лет е одложен за во вторник и дека не е сигурно дали воопшто ќе полета.

„Требаше да одам во Балтимор да бидам со моите родители за празнициве. Не сум ги видел речиси една година но сега мора да чекам до вторник да видам дали воопшто ќе патувам.“

Друга патничка од Париз вели дека се чуствува беспомошно затоа што не може ништо да направи за да ја промени ситуацијата.

„Седиш и чекаш само чекаш и се надеваш дека времето ќе се подообри, ништо друго не ти останува.“

Франкфуртскиот аерoдром , најфрекфентниот во Германија до сега откажа речиси половина од планираните слетувања и полетувања. Пистите на овој аеродом се исчистени од снегот но проблемот е во другите земји каде што не е исчистено и не може да слетаа таму авионите. Над 2 илајди патници ноќта ја поминаа на терминалите на овој аеродром додека дел од патниците се таму веќе цел викенд.

„Јас сум тука од сабота од 8 часот утрото. Вчера чекав 12 часа и ми го откажаа летот па ме сместија во хотел. Денеска чекам 3 часа, и повторно ми одложен летот но не знам за кога“.

Во Холандија, Данска, Шпанија, Ирска, ситуацијата е слична, откажани се над илјада летови. Состојбата по европските патишна не е подобра.Автомоболи се завеани со снег и заглавени на автопатите.

Во близина на Манчестер стотина луѓе ја поминаа ноќта во автомобил на автопат кој е непрооден поради снегот. Слична е и ситуацијата на автопатите во Германија и Италија.