Густата магла која се спушти врз Скопје го блокираше авионскиот сообраќај. Како што информираат од компанијата ТАВ која управува со аеродромот, од утрово видливоста на скопскиот аеродром е значително намалена по што се откажани сите полетувања и слетувања додека не се подобри видливоста на аеродромот „Александар Велики“ јавуваат македонските медиуми. Пониските места во Македонија од попладнево се под магла која е особено густа во Скопје и скопската котлина.
Видливоста на патниот правец Скопје-Велес е намалена на 50-70 метри.
Видливоста на патниот правец Скопје-Велес е намалена на 50-70 метри.