Македонија ќе игра против Шпанија

Женската ракометна репрезентација на Шпанија, ќе и биде противник на Македонија во бараж дуелите за Светското првенство кое во декември 2011 година ќе се одржи во Бразил. Ова е исходот од денешното извлекување во Хернинг, Данска. Во првиот натпревар Македонија ќе и гостува на Шпанија на 4/5 јуни 2011 година, а реваншот е седум дена подоцна во Македонија.
Пласман од Европа на Светското Првенство во Бразил имаат обезбедено Норвешка и Шведска, како две првопласирани репрезентации на ЕП, потоа третопласираната селекција Данска или Романија и Русија како светски шампион.