Избори во Белорусија

Белорусија, Минск

Денеска во Белорусија се одржуваат претседателски избор. Досегашниот претседател Александар Лукашенка кој е на власт веќе 16 години, е еден од кандидатите за 5 годишниот мандат. Западните земји сметат дека Лукашенка успеал до сега да ја задржи својата функција со помош на фалсификување на избори, соборување на противници и со замолчување на медиумите. Околу 400 набљудувачи на ОБСЕ се распоредени на гласачките места во Белорусија.